За завеса се зедоа чаршафите од архиерејскиот намесник, дедот поп Глигорија, а публиката стоеше на она сретсело на чаирот, каде што играа на Велигден витолишките моми и ергени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Исто така бевме и големи љубители на LSD, така што често муралите што ги плескавме ги ширеа и отвараа ѕидовите, а публиката на нашите перформанси се претвараше во кокошки, зајци и мали сиви полски глувци. Беше забавно.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Земјата беше црвеникава и стегната како цемент, а публиката си беше сѐ уште тука.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)