а (сврз.) - оружје (имн.)

Во мај-јуни 1880 година, била формирана привремена влада на Македонија „Единство“ која во март 1881, обнародила Манифест до сите Македонци и испратила протоколарно решение до рускиот цар.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
(Потоа дружината, домаќинот и возбудените луѓе се договориле, едни со оган да ги потераат коњите на Турците в пропаст за да не се вратат во кулите, бездруго кратовски, нивните јавачи да ги закопаат длабоко, ни дивина ни пци да не можат да ги откопаат, а оружјето да се сокрие така што за него ќе можат да знаат само двајца - челникот Онисифор Проказник и молчаливиот Чучук-Андреј.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Натанаил Кучевишки издал наредба четите да се растурат, а оружјето да се складира во с. Бураново.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Расфрлени мртовци и ранети, крв, остарена младост на прагот на својот прв ден, мајко моја изгубена во моето детство, и мртва помоли се за својот син и за неговата прва љубов и за спас од споулавување пред спомените.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)