Страчката и мачката се меркаа така уште некое време и, сигурно затоа што на страчката играта ѝ стана здодевна, летна во гранките губејќи му се од погледот на авторот, а мачката разочарано постоја така на гранката и полека се повлече во круната на дрвото.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Страчката итро потскокна на погорната гранка, а мачката се најде под гранката одвај држејќи се да не падне на земја.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А мачката личи на влекачите, со триаголната глава и тенките зеници, со способност долго да мирува и одненадеж, експлозивно да нападне.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
А мачката? Тоа беше мачно: да ја оставам можеби е добро, зашто во нејзина куќа ја оставам, како што една мачка си сака, да ја земам, ќе биде добро, зашто би била згрижена.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Златко исписка, го испушти опашот, а мачката скокна низ отворениот прозорец.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)