А кучето беше едно убаво, лично, рунтаво, со бели влакна што му висеа по нозете и мевот како на овца; вратот дебел, јадра става, силен зарипнат глас, кој кога ќе залаеше порано кога одеше со овците, сите знаеја дека е од Методија Лечоски.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Вчеравечер уште беше рано Низ калдрми тргнав пеш по градот Та здогледав едно купче збрано Деца, кај цртаат плочка Недалеку од плоштадот Ме понесе патот кон чаршија На мостот лошо реконструиран Човек ко мене пензиониран со жената стојат од каршија Ги поздравив и ми возвратија А кучиња скитници пријателски До следниот мост ме испратија
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Се чу групно пукање, а кучето ја подвитка опашката и почна да квичи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А кучињата горат, господе боже, како горат кучињата!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)