а (сврз.) - глас (имн.)

А гласот растеше, и голем стана та се дигна ко Бореј, брзокрил.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
— Така ми се чини — одговори затресена таа и почна да шетка низ малото ходниче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бабата се заврте назад и сакаше да влезе во одајата, каде што се смееја Шаќир и Ѓуро, но тие веќе беа нарипале од тропањето на портата, а гласот од чаушот ги запрепасти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Остани уште малку... – тивко прозборе Трајанка а гласот како низ цевка да си го слушаше...како низ сито...во грлото горка солза голема се запна тука, па не мрда...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Бевме мали, братчињата, сестричките и са зима молевме да оздраве мајка и пролети некаде кога прошета низ дворот како дечиња се разиграа црешите на гранките а гласот мајкин светкаше меѓу нив како некоја заповест од светата книга, како ѕвезда Давидова.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја прашав часовничарката, вчера кога менуваше батерија во часовникот,... жената рече не трепкал, нормално гледа, а гласот му бил баритон.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— Ета правда, вели Маша Русланова, а гласот како да ѝ се претура од една чаша во друга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакаш да врескаш, а глас не пушташ за да не покажеш слабост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се молевме кон небото – а гласот ни беше тежок И паѓаше пак долу на земјата За да не нѐ чуе ништо зашто немаше кој да нѐ чуе.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
- Изгледа се спишмани, вели Јон, а гласот му заминува над мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И сите викаат, вели, а гласот им се одѕива во нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)