а (сврз.) - боја (имн.)

Сѐ стивна. И богами, сѐ ми дојде на ум. Затоа и ја испружив раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Гледаше низ џамлакот во дворот, но не распознаваше дали е бел ден или е црна ноќ, и сѐ му беше во дно од некоја полутемнина, во која предметите одвај ги додржуваат контурите, а боите веќе одамна се изгубиле, како кога во детството го гледаа замрачувањето на сонцето низ зачаден газер од скршено шише.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А боите, боите ми се последна ебана грижа”, како да слушнав дека шепоти додека издишуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не попуштам, туку и натаму гледам кон внатре: црвената се разлева, се разблажува, и некои жени, побледи, во розово, лежат, или се тоа нивните опуштени сенки, а бојата за која помислив дека задушува, сега е заднина на еден, во основа спокоен пејзаж.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)