а (сврз.) - треба (гл.)

А требаше да загинам и тогаш, и тогаш, и кога не.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А требаше и да им рече на старците што останаа под тремот да го чекаат„Христос Воскресе“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Почна да собира порез, прирез, да собира војници, а требаше да оди и потера, оти собраните витолошки „Б'лгари“ не сакаа да одат да се бијат со својот „б'лгарски“ Војвода Јована Ѓуровчето, кој заедно со Гурлука и други „патриоти“ се врати во своето Мариово летото 1913 година со голема чета и дојде во Биновиот реон — онаа пуста Опстраница. каде што се Сукаловите колиби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Куршумите се гаснат во насипите. муниција нема, а треба да се прави нешто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стоиме на работ од една чистинка, а треба и таа да се помине, да се претрча.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А требаше сите тие нешта да се згодат во исто време, за да се изврши тоа веќе вечно селење како што треба - без застои и пропусти. Маргина 34 41
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Погледнете ги оние мрсулави студенти од приватните колеџи кои не знаат ни врвци од кондури да заврзат, а треба да бидат движечка сила во општеството.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Впрочем, Тангер беше оддалечен неколку часа; дури и главниот пат на брегот (на кој можеби би имало автобуси) беше неколку километри од плажата, попладнето си одминуваше, а требаше да се вратиме во Американското школо на вечера пред моето попладневно предавање кое, со оглед на темата, во најлош случај ќе биде само неразбирливо за Тангерците во публиката, а не и навредливо. Маргина 34 71
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)