а (сврз.) - мора (гл.)

Призна дека ја убил жена си, иако знаеше, а мора да знаеја и неговите испрашувачи, дека жена му е сѐ уште жива.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ме збуни дрскоста, а морав да се здржам, морав да покажам дека не ми се тие рамни за да се инаетам со нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се упатив по пистата, кон авионот, со насмевка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сурово е да ја разбуди, а мора да замине, за неколку часа лета за Варшава, а веќе утре се враќа назад, во својата јужна татковина.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не смеам мајка да му се кажам, што се вели, а морам нешто и некако да му зборувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А морам да признаам дека за оваа моја неизречена помисла, од која требаше веднаш да се вцрвам, ми се чини дека беше сосема безвредно она што подоцна самиот си го префрлував, дека му припаѓам на суровиот и недоделкан дел од стварноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Можев а морав, сакав а не бев сигурен, сигурен бев ама не знаев – знаев дека нема да заспијам, затоа и не легнав...“
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Си мислам што да направам, а морам нешто да направам: да скинам, да растурам, да ставам граница со смртта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А мораш и огнот да го чуваш, да го криеш во некоја гламна, запретана во пузата, во пепелта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)