Беше како дома, меѓу сите нив, оној црвенокосиот Ристан, за кого никој токму не знаеше да каже од каде е, се прилепи со нивната тајфа, а сега беснееше со своите послушни раце по нивното градилиште, со душа блага и длабока како питомиот црнозем на тоа маслиново поле наоколу, неговото име најчесто се извикуваше крај сите потерани ѕидови, сите како да му зборуваа нему и сакаа да се шегуваат со него, сите тие денови, останати во детското паметување, полни со тоа црвено јужно сонце и набрекнати како зреани црешни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)