Основниот проблем што го имам со политичкото функционирање на геј-идентитетот денеска е што и при сите свои повици за јавно признавање и прифаќање на фактот за хомосексуалната желба (некогаш, да се знае, на штета на геј-сексот), официјалното геј- и лезбејско движење практично забранило испитување на настраните сензибилитет, стил, емоција и на сите карактеристични, несексуални облици на настраниот субјективитет, на афектот или на задоволството.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во таа пригода, Ла Гвардија, обраќајќи им се на членовите на делегацијата на Обединетито одбор, ги запознал со американскиот став за помагање на НОВ и ПО на Југославија на чело со маршал Тито, што претставувало прво јавно признавање на НОВ и ПО на Југославија од страна на една личност од амерканскиот политички живот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тој и самиот истакнал дека лично не е запознаен со мислењето на Американската влада во однос на НОД и Тито, но потенцирал дека Јосип Броз Тито "го привлече вниманието на Британската влада", поради што САД би требало јавно да истакнат: "Тито, ти направи добра работа, и ние сме за тебе", што од своја страна, сметал Ла Гвардија, би помогнало многу на патот кон признавањето на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)