Пиеро Манцони отиде чекор потаму, претставувајќи го биолошкото тело на уметникот како уметност: „Во мај 1961 произведов и потоа во 90 конзерви ставив ‘гомно на уметникот’ (по 30 грама во секоја) со природен конзерванс (made in Italy).“ (Manzoni, 1962.)
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од крајот на педесеттите уметниците од целиот свет се вградуваат во сопствените трудови - Ханс Најмут (Namuth) го снима Џексон Полок (Pollock) како работи врз платна од коишто се цеди боја; францускиот уметник Жорж Матје (Mathieu) јавно изведе една голема акциска слика; јапонската група Гутаи ги поставува своите тела во кои (акции), а Казуо Шигара слика со нозе и ваја во кал за борење.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)