што (прил.) - и (чест.)

Нивна е заслугата што и ден-денешен во населбата, и во најжешко лето, три чешми, низ месингени шепурки, истураат студена вода - една на срецело, друга пред портата на Јанческите, а третата на влезот во населбата, пред Велјаноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Одеднаш ме прегрна повлекувајќи ме кон себе, - како да сакаше да каже, што и да е не грижи се, татко ти и јас сме тука. Очите ми се наполнија со солзи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Може да се претпостави дека дел од нив, Кочовите луѓе, знаеле што се спрема и биле тука да држат тензија и, ако треба, да притрчаат, како што и притрчале.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ништо, сега што и да зборуваме - нема фајде.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Среќа твоја што и глупостите убаво ги кажуваш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Најпосле, контрапунктот и акростихот со нивните нивои на скриени значења имаат многу заеднички нешта.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ж: „Акростихови” велиш! Па Бах исто така пишувал понекогаш акростихови, што и не е зачудувачки.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бидете среќни што и вас не ве закачи.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Па вие имате и слика на Сталин. Сталин е нашиот брат што и да се случи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)