што (прил.) - јас (зам.)

Биди ми сѐ како што јас сум за тебе сенка која ќе те следи и во мракот.. Зошто едноставно Ти си Ти...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Куќата сега ми е само од хоризонтали така што јас во неа сум како парче месо што секој час може да се најде потиснато во сендвич.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Нашата соработка беше службена, како што јас сакав да ја прикажувам со самоиронија, но гарнирана, како што ти ја дообјаснуваше, со жежок кревет.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не знае таа со мене, како што јас знам со неа. Од шејтан донесена, на шејтан нагазила.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Стигна на местото што јас привремено го крстив хемороид на газот на светот.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Му одам на рака колку што можам, по јаже преку голема вода се движам и, слушам, „Еве и ти сега“, ми вели. „Што јас, бре!“ му велам. „Што!...“ ми вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се напивме кафе за добредојде и ми се допадна затоа што јас, како родилка на 3 деца, конечно, бев позгодна од некој што е двојно помлад од мене.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како што јас посакувам да ја вкусам нивната земја, мажот сака да ја види убавината што се крие под кимоното.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)