што (прил.) - сѐ (зам.)

Вака пишуваше: Здраво, Мамо, тато, бато! Супер патувавме, супер се сместивме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа нема да ви кажувам што сѐ ми се случуваше, како ја преживеав таа канонада од поуки и прекори, тоа понижување од најдолен вид, ако понижувањето може да се класифицира по видови, таа моја наведната глава и зачепена уста што не сторија ама баш ни најмала усилба да ме одбранат, да ја кажат вистината, или барем нејзината најблиска варијанта, да го објаснат оној мој недостиг од желба за постоење, оној мој кусок на нужна препотенција неопходна за живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога ги сонувам од морето протерани без замена за изгубеното избезумени од промената и предвреме пресувани фосили кога го читам внимателно нивниот ритмичен скелет тој совршен сонет за патиштата сами од себе што се делат и нѐ делат кога се обидуваат да ми објаснат што му претходело на сонот се загледуваат долго во себеси таму кајшто сѐ е јасно од шкргите им потекува крв основната боја на Земјата да не ја издадат тајната на молчењето да изгубат волја да се вратат во својата природна состојба да ја изменат претставата за светот но и за себе затоа што сѐ природно е некогашно во мене прагот на чувствителноста отстапува под скерлетниот пламен на она кое требало да се изговори а согорело под папокот афазијата на говорот станува сеопфатна а мртвата тишина, или со други зборови смртта, на дофат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И за да се уверам, ја пронајдов во фиоките каде што сѐ си чувам за спомен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)