што (прил.) - стори (гл.)

Во борбите диви што сторила твојата чета од тебе тогаш ќе слушне.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Што стори? Колку години си додаде на својата казна со тој момент на слабост?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што сторивте со Џулија?“ праша Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А ти, значи, што доби? Го искина животот покрај човек нечувствителен кога си ти во прашање, ете, паметам, една вечер, иако сите бевме поднапиени, се вомјазивме кога наеднаш тој стана и рече: Абе, што сторив, требаше уште во дванаесет да ја земам жената од абортус...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ДЕПА: (Ѝ ја фаќа раката на Мара со која фрла шеќер во ѓумчето). Доста, мори, што стори?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Што сторивте неранимајковци! - списка вештерката. Ние се дадовме во бег.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Што сторив проклета да сум со човекот? И живо се сеќава, чиниш сега се случува, како ги залепува своите врели усни на неговата нажубрена рака преку кои жубри за миг му го почувствува ранетото срце!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ме обзеде паника. Леле, што сторив!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Еден ден се боревме и почувствував дека се заборавил во жарот на борењето, ја зеде машата, а јас избегав зад еден плет, тој удри во плетот, дотрча мајка ми и му свика: Што стори бре, Тасе! а тој – Остави Ристено, ќе си го утепав детето, цел ден немам тутун и таков сум.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не ни остана храна, ниту вода за пиење. – И што сторивте тогаш, Мајко? – прашавме во еден глас. – Што можеше да се прави?! Мораше да се живее.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)