што (прил.) - господари (гл.)

И по правило нив ги поистоветувам (не според изгледот туку според нивниот ангажман) со безбројните безрбетници, мекоглавци и инсекти: тие секогаш се присутни таму каде што господарат мршите на исчезнувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Значи сакам да речам дека и привидите најчесто ги поттикнува присутноста на смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)