широко (прил.) - ги (зам.)

Моето срце, како секогаш за него широко ги отвораше портите ,така и овој пат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Родна откако ги потсмирува струите што ѝ шетаа по телото, се подисправа, си ги гледа разголените нозе, внимателно си ги покрива со веленцето, а го поднаместува веленцето и врз својот Петар од другата нејзина страна кој се однесува како да е мртов, ни се слуша неговото дишење ни се гледа, а не се гледа ни мислата што му седи во главата која неговите физички заспани очи широко ги има отворено и со нив како да гледа и преку коската на черепот и преку дебелото веленце што го покрива сосема.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Рабинот широко ги отвора очите и погледнува зад девојката каде што се шири солунскиот Плоштад на слободата на кој стојат луѓе и гледаат во него: стотици, илјадници човечки лица, мажи, деца, жени, старци, некои познати, некои блиски, повеќето непознати и невидени, сите претворени во огромен хор што на крајот од мането, тажно ја запејува неговата омилена песна:  Primavera en Salonico halli al café Mašlum una nina de ojos pretos que canta y sona ud.  No me manques, tu Fortuna, del cafe de Avram Mašlum. Tu quitas los muestros dertes, que cantas y sonas ud.  El ud tomas en la mano con gilvéš y con šacaš. Los tus ojos relučientes a mi me hačan quemar. 17 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Виде како Хелвиг прво широко ги рашири очите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Хорот ја заврши песната и остана да стои на истото место; на Плоштадот на Слободата, во солзите на Гита Корец, во стаклестата зеница на последниот архирабин и во Вториот Ерусалим кој не изчезна, но постои и не престанува да се сонува себе си, во сенката на живиот град.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нова­та држава – црква широко ги прифати во својот голем храм – земјата, сите свои верници, готова да продре во нивните души.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)