Кога Ема ќе кажеше нешто важно, со острина и строгост кои упатуваа на тоа дека кажаното навистина е важно, горната усна ѝ се задржуваше поткрената подолго од она што го диктираше инстинктот при вообичаеното зборување и тогаш чудно ѝ блеснуваа забите наредени во низа од полукружни плочки порабени со сочни розови непца, оставајќи на тој начин впечаток на блага и продолжителна насмевка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Рада разгледуваше наоколу. Чудно ѝ беше сѐ што виде. Се прашуваше чиј е овој имот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)