чудно (прил.) - мириса (гл.)

Не можев порано да дојдам. Не пуштаат. Одвај и овие пет минути ги добив. Овде чудно мириса.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дрога - си помислив... Тие пушат некаква дрога... А и чудно мирисаше.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Децата одеднаш ги снема зад нас, а тетка Олга застана пред вратата, ја отклучи и се поттргна за да влезам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас бев зелен вир на многу дни од штедрост сега молчам сосем жолто За старецот во мене не плачат и грубо ќе ме натрупаат в кола Но сепак едно сеќавање имам: корењето ми остана на брегот Брег од риби и од камење каде растат многу млади дни Трева бев ќе бидам трева пак затоа така чудно мирисам
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Чудно мирисаше - како внатре да беше помешан сок од кајсии, боровинки, капини, малини и манго. - Што е тоа манго? - праша Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Да, малку и чудно мириса... - прокоментира свекрвата, - ама можеби е до месото, можеби било старо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)