Чудно е тоа мазохистичко чуство доброволно да гледаш нешто што те труе некогаш се чуствував ко рис во кафез ко наркич што чека за метадон ред Ебати животот контаминиран човекот станува се поизолиран заробен од теве ко теле дрогиран без сива маса и лоботомиран За неколку минути се наполнив отров со мозокот удрен ко аван со толчник ми дојде сѐ преку орган полов и почнав да исфрлам редица пцовки
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Чудно е зошто Анакреон молел да му се наслика неговата возљубена со нејзините црни плетенки и уште молел, доколку воопшто можело да се изрази тоа да биде насликан и мирисот на миртата што ја опкружувал.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Чудно е зошто не замолил да биде насликан нејзиниот глас што момчињата го носеле како молитвеник во рацете.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Чудно е тоа ако се знае каква е Белгија по природните убавини и на оние што ги има Македонија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Она што е чудно е тоа што истиот овој човек се наоѓа и пред и зад тезгата. Час е продавач, час купувач.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Чудно е како пак и пак и сѐ уште попаѓам во состојби на размислување што, кога тоа ќе го сфатам, ме прави да се чуствувам толку бедно.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Чудно е дека во мене има некаква љубов за иста крв, мислеше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Чудно е што во моментот на комплетирање на оваа теорија ја дофатив токму оваа негова книга која долги години само фаќаше прашина на еден од рафтовите во мојот дом.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Чудно е, но живеењето се состои од создавање идни сеќавања: токму сега, овде пред морето, знам дека подготвувам детални сеќавања, што некогаш ќе ми ги донесат меланхолијата и очајот“.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Чудно е, ама и него сите го сакаат. Никој не го пцуе, затоа што нема зошто.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Чудно е тоа со Бреза. Понекогаш ја сакам повеќе и од мајка ми и татко ми, а понекогаш...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Нели, чудно е тоа задоволство што те обзема кога ќе го пронајдеш негде во дворот магаренцето што те донело дома здраво и живо, со сите твои делови - беше оптимистичкиот заклучок што му ја поттикнуваше срамежливата среќа на Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На натрапникот што го имав забележано повеќепати се сетив дури идниот ден.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И чудно е неговото минато.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
„Е, будала овде нема да најдеш“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Какви охолни зборови! И чудно е и неочекувано.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Колку долго живее? Дваесет и пет години.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тие се толку ретки. Чита дека снежниот леопард јаде цицачи и птици. Осамено живее.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За Сани, најомилената поставка е онаа со снежниот леопард. чудно е што зоолошката градина во ваков малечок град има такво животно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)