Во спотот има исечоци и кадри во кои членовите на групата свират на инструментите (сосе Мур, кој е без маица, а на ќосите, чудесно суви гради му пишува „МИЛДРЕД ПИРС“ со нешто што треба да биде кармин), а тие кадри се изменуваат со швенкови на натписи од киносали, со фарови од кои се гледа ѕвездата на Џоан Крафорд на булеварот Холивуд и со кадри од други локации во и околу Холивуд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако сакаме да го сфатиме односот на хипстерската стрејт-култура кон Џоан Крафорд и кон нејзината оскаровска улога, многу повеќе ќе научиме ако го разгледаме музичкиот спот на Дејв Марки од 1990 година за песната „Милдред Пирс“ од Соник јут отколку ако се задлабочиме во стиховите од песната на групата од албумот Гу.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, најинтересна појава во спотов е преувеличената имитација на Џоан Крафорд од пријателката на Марки, Софија Копола, која накратко се појавува во текот на целиот спот во многу кратки секвенции.406
Тешко е да се опишат со зборови точната содржина и тонот на изведбата на Копола, како и особениот впечаток што го остава.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Вреди да се постави тоа прашање, зашто хипстерската стрејт-иронија денес е веројатно доминантниот начин за откинување и присвојување делчиња од главнотековната култура и за нивно преобликување во средства за културно дисидентство, преку процес кој ѝ е аналоген на машката геј-културна практика што ја разгледувавме досега.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)