Сепак проговорило нешто човечко во него...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Сепак, кога ја разгледуваме интелигенцијата in abstracto наспроти она што е специфично човечко во начинот на кој ние се сметаме за интелигентни, јас ќе тврдам дека би морал да се земе во обзир начинот на кој ние сме отелотворени, почнувајќи со фактот што поседуваме физички тела и завршувајќи со тоа што сме членови на човечко општество.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Мотрејќи постојано во тие две животинки, со нешто наеднаш толку многу човечко во себе, тој сега се доближил до мечката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Недоизбувнатата расправија беше длабока и темна мудрост под превивки на сурово самозаборавање со што си ги криеја срцата, не толку еден од друг колку секој од себеси.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Не, не верувам дека така би постапил... ако има макар малку човечко во него...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Можеби сепак колку-толку сум успеала да допрам и да опипам нешто човечко во него.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сето човечко во неа веруваче длабоко... верба... верба...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)