човечко (прил.) - лице (имн.)

Старецот одеднаш добиваше можност час-два да гледа пред себе човечко лице, и да зборува, да зборува, да Ј се одзмазди со тоа на долгата осаменост, на долгото молчење.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа веќе не беше човечко лице.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ако сакаш да знаеш како ќе изгледа иднината, замисли си една чизма која пригмечува човечко лице - засекогаш.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се загледа во полната месечина на која се оцртуваа линии на човечко лице: нејзе ѝ се причини дека тоа лице првин ѝ се насмевна со подбив и закана, потоа се смршти, се стемни, дека светлината истече низ некој дол од другата страна на темната планина чии сртови едвај се забележуваа како грб на огромна камила.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)