човечки (прил.) - природа (имн.)

Промислувањето на епистемилошките теми се прифаќа како пререквизит за идното определување на онтолошките проблеми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Треба да фрлиме само површен поглед на насловите на значајните текстови на модернистите како што се Спинозината Расправа за подобрување на разумот, Локовиот Есеј за човечкиот разум, Лајбницовите Нови есеи за човечкиот разум, Берклиевите Принципи на човечкото знаење, Хјумовата Расправа за човечката природа или Кантовата Критика на чистиот ум - за да се види колку епистимолошките теми биле централни за нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Модернистичката филозофија исто така стреми да го занемари здравиот разум и да биде одбојна кон предрасудите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Професионалните дисциплини се успешни во развојот на јазичните практики на техниките кои сугерираат дека токму тие имаат пристап до „вистината“ за светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овие техники ги поттикнуваат индивидуите да веруваат дека оние што се бават со овие дисциплини имаат пристап до објективниот и непристрасен опис на реалноста и човечката природа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како нему и на неговиот „висок“ и „неразбирлив“ стил на пишување да му ја префрлаше вината за сета превртливост на човечката природа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со сета своја жар и лутина тој нестрпливо ги прекинуваше и секогаш им ја кажуваше истата работа – дека секој може да се надмине себеси, па ако вистински посака и ако вистински верува, може да стане некој друг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И ви реков дека намерите Божји се вон човечкото сфаќање и оти ние не можеме во ограниченоста на човечката природа своја да ја спознаеме големината на планот Божји и затоа треба единствено да ја прифатиме неможноста на нашите земски очи да го видат она што го гледа семоќното око Божје, та да живееме со љубовта кон него и со вербата во вечниот живот, кој не би имал смисла ако не сме се родиле како смртници, со гревот на нашите прародители, од кого ќе нè избави само смртта и покајанието...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Браќа мои, оној меѓу вас што ми го постави најтешкото прашање, добро ја сфати збунетоста моја.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Затоа не веруваше и не се согласуваше со оние што малодушно, со сета слабост на човечката природа му велеа дека доблеста е тешка, а пороците лесни.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш не можеш да видиш каде грешиш, а во меѓувреме си заборавил дека во човечката природа е да се греши.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)