Не ги слушаше гласовите на тие луѓе чии деца плачеа, чии жени се довикуваа со сè поочајни гласови, чии мажи ѕиркаа преку бодливата ограда, ден низ ден сè повеќе замолчуваа и се молеа и кога молчеа; иако тие слики и гласови допираа до него, зашто знаеше дека неговата работа привршува, дека е слаб на човечките несреќи и дека поради сето тоа е сосем возможно одново да му се вратат силните мигрени.
               
             
           
            
            
              „Светилка за Ханука“
               од Томислав Османли 
              (2008)