често (прил.) - и (чест.)

Фалејќи се често и се надлажувавме, што зборува дека фалењето и лагата се сосем близу.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но често и тој и жена му и син му Анко и снаата се будеа ноќе исплашени, причинувајќи им се дека куќата се урива.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И потем, често и ме биеше, но јас за тоа не смеев никому да кажам, иако често се прашував: од каде таква смелост отец да бие отец?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Прв пат како да беше излезена од него и сета тишина во која ретко кој имаше пристап, вклучувајќи ја често и Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)