често (прил.) - свој (прид.)

Танаскоица, за која тој знае дека знае што ѝ е на момата, како да стана сојузник со Пелагија, не ја отвораше така често својата уста, а кога ќе беше притисната од грлениот глас на Танаско како од надојдена река, таа само проломотуваше Ки дое ред, ки са виде!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Го сонуваше Змејко многу често својот бел коњ, својот Чилко, знаеше тој по цели зими да го сонува само него, а оваа ноќ во сонот тој беше јавнат на својот јадар коњ и одеше низ некаква сенчеста шума, додека клопотарчето на вратот од Чилко приспивно трангараше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Голема карпа извишена крај езерото: одблизу: бигорлива, издупчена, шуплива; обрастена со ползавци, повит бршлен, драчки и со разни корења испреплетени меѓу себе како човечки жили, кои цврсто се стегаат, се чипчат за каменот ширејќи се и освојувајќи го просторот толку колку што главниот корен успева да се пробие надолу низ тесните пукнатини на карпата, запирајќи го често своето растење и напредување како човек вклештен од неволи и болест; остри тревки како влакна од коњски опашки, се нишаат на ветерот и се стегаат за каменот да не се откинат; а долу во подножјето, каде што езерото плиска и се пика во карпата како јазик во шуплив заб, се нафатиле лишаи, мов, граорчиња, диви лозинки, пршличиња, змиско грозје, василичарки и разни кусовечни тревки и билки што живеат од денес до утре шетајќи со корењата по влажниот камен и цицајќи ја водата што ја стрка езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)