често (прил.) - од (предл.)

Често од тоа умираме ние кои го работиме овој занает.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во соништата сѐ уште не можеше да се ослободи од ноќните мори на Голи Оток, каде што често од звучниците одекнуваа имињата на Тито, Кардељ, Ранковиќ...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поради својата многустраност Арчимболди често од своите современици бил споредуван со Леонардо.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Често од Одрин ги гледав зачудено Русите.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А, на мене не обѕирај се, стара сум и грешам, често од невнимание го разлутувам, па после ми е криво.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)