често (прил.) - ме (зам.)

Често ме немаше дома по неколку дена. Кога се враќав гомното пасивно, секогаш беше тука.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- За оние ќерко, што многу често ме повикуваат во сонот, а речиси ги гледам и на јаве.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вели оти често ме следел, набљудувал и дека уште Долу сум му оставил впечаток и дека затоа ми го доделил ова подзатемнато, но не темно место, ова подосветлено, но не зрачно место. Орта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И учителката, со својот внимателен однос кон мене, често ме потсеќаше на тоа страшно, и јас не можев да внимавам на тоа што го предаваше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас сум многу љубопитна по природа и моите дома често ме нарекуваат „досадија“, демек- сум била здодевна со прашањата, со упорноста да го истерам докрај тоа што ќе си го наумам, па ги „давам“ понекогаш до бескрај, додека да “им пукне филмот”, како што има обичај да рече мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Им реков дека ќе интервјуирам некој шизофрен ако можат да ми најдат некој што не бил под медикаменти.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во Америка често ме повикуваат да правам клинички демонстрации со шизофренија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ни краток, ни долг, ни премногу тесен, ни премногу широк, со убав пад и лесно оформени ноздри.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Многу често ме будат нејзините родители кои гласно крескаат за ќерка им да ги чуе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)