често (прил.) - оди (гл.)

За да биде што поретко со неа, Крсте често одеше кај сестра си и остануваше цели недели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа им ја зголеми желбата на противниците, та овие често одеа да ги прибираат овие предмети и да протутнат по некој навистина крвав ден, сите во окопите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како што може да се види, дејноста на фабриката во којашто работеше тој беше од областа на градежништвото и кога настанува спорот, кон крајот на 1999 година, во неа имаше преку 250 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според систематизацијата на работните места, Авдиќ работеше како референт во комерција задолжен за следење на побарувачката, известување за цените и начинот на дистрибуција на производите на пазарот во главниот град и во Косово и често одеше на службени патувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Позитивни искуства: барбитуратите по своите карактеристики се многу слични на алкохолот и затоа често одат заедно во комбинација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Градината, во која често одеа со мајка ѝ, беше многу далеку.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во Ново Маало купи куќа, во која често одевме на визита и во која после живееше син му, бате Иле со фамилијата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таков беше татко му на Орде. Тој беше сиромав човек и често одеше по другите села да спечали нешто.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Со Земанек често одевме таму на ручек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беа сиромашни: Земанек се трудеше и да работи (покрај училиштето), па често одеше да помага во една кафеана; му даваа по некој денар, а тој беше вреден и со ноќи остануваше на работа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мажот ѝ често одеше во Солун по трговија и таму престојуваше со недели.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Откако го совладав овој збор, многу ми се допаѓа да го употребувам, а брат ми се нервира, сум претерала со неговата употреба, и каде што требало и каде што не требало.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Охрид, Преспа, Крушево, па и Берово, каде што често одиме на гости кај нашите пријатели Мира и Гоце, ги сметав за банални.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И потоа често одевме во Гаково, поретко во Загреб, ама секогаш во различен состав.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Еднаш и чичко Ташко се врати од Берлин (од некаков саем на книгата) со албум за поштенски марки кога јас бев филателист!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас неа многу ја сакав, зашто заедно растевме и често одев кај неа да ѝ помагам околу детенцето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Си замислуваше да биде исто онаква каква што имаше во градот Бристол во Англија каде што често одеше да ја лечи реумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)