целосно (прил.) - се (зам.)

Подоцна целосно се загуби трагата на европските кози во Рерублика Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако само ја доведете оваа доктрина во прашање, небаре опасно сте збајале и сте го повикале страшниот злодух на инверзијата, отворајќи ја така вратата низ која може да се врати викторијанската психијатрија, со сите нејзини древни предрасуди за вродената абнормалност и псхопатологија на родовата девијантност на геј-мажите. ‌Но, сѐ додека се чипчиме за претставата дека гејството може да се сведе на избор на истополов сексуален објект, дека нема никаква врска со тоа како живееме и со она што ни се допаѓа, дека нашата хомосексуалност целосно се обликува пред некако да се изложиме на геј-културата и независно од неа – и сѐ додека се држиме за тоа верување како за некаква догма – сѐ дотогаш издржливоста на геј-културата ќе си остане вечен срам, како и нерешлива аналитичка загатка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кај јавните и државни претпријатија, кои отпуштаа работници по овој основ, во практиката често се применуваа партиски критериуми – на големо незадоволство на отпуштените, како и на јавноста; •  што се однесува до измените од 2000 година, со нив: прво, целосно се укинаа погоренаведените критериуми што требаше да се запазат кога масовно се отпуштаа работници; и, второ, се промени одредбата која пропишуваше дека тоа треба да се направи во согласност со колективните договори, со формулација дека тоа ќе се утврдува врз основа на колективните договори на ниво на работодавец или гранка (значи, веќе не со општ колективен договор) и „доколку работодавецот има потпишано таков договор“!? (чл. 6, ЗИДЗРО/00). 24.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Целосно се укинати правата како паричната помош и надоместокот на трошоците за превоз и исхрана за време на стручно оспособување или преквалификација, а статусот невработено лице и правата кои можат да се остваруваат во случај на невработеност им се ускратени на лицата кои го имаат прекинато работниот однос по своја волја и на една цела категорија граѓани – земјоделците, односно вршителите на земјоделска, сточарска или друга дејност, без разлика на нивото на приходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)