целосно (прил.) - му (зам.)

Азра целосно му се доверуваше на Авни. Во него гледаше човек со душа. Со срце.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа болка целосно му припаѓаше на минатото и немаше никаква врска со нејзиниот нов и среќен живот со Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Почувствува како почнува да го фаќа очај од сомнежот кој во душата целосно му ја замени сигурноста и вербата што само до пред малку ги чувствуваше...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зјапаше во папирусите, ги препрочитуваше зборовите што ги напишал, со надеж дека читајќи ги, повторно ќе го сети во себе истото чувство како додека ги пишувал. Залудно...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Едноставно, целосно му се предадени на Севишниот и чекаат, прозевајќи се, да им влезе кукавица во устата, но и да се најде јунак што кукавицата ќе им ја извади и така до недоглед...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Исто така, тој нагласил дека е противник на „сегашната бугарска политика за давање премин на Германија во сите правци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според неговите информации, неколку „унгарски Македонци, кои претходно целосно му било предани на Михајлов, сега поради нивните симпатии спрема Германците“ ја изгубиле неговата довербата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ја завршија вечерата и изморената снага на Чана побара сон на кој таа целосно му се предаде.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За возврат, или како награда, на Поетот целосно му припаѓа привилегијата да располага и да господари со својот свет на соништата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во одговорот на тужбата, тужениот работодавач „Водостопанство“ целосно ги отфрли тужбените наводи, останувајќи цврсто да ја брани исправноста на својот потег за кој велеше дека е во согласност со интерните Правила за работен ред и дисциплина (1994).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А тужителите целосно му ја препуштија одговорноста за водење на парницата на својот адвокат (Ивановска) – па предметот 18 месеци беше заталкан во фамозните судски лавиринти, а се помрдна од „мртва точка“ дури по поднесената ургенција до судот, по што истиот експресно беше пронајден и беше назначен нов судски совет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)