А сепак: иако релационото гледиште минало низ долготрајна подготовка на многу места и иако пронаоѓањето на електронската меморија може да се опише како еден од резултатите на ова подготвување, не може да се порекне дека само праксата со оваа иновација е она што нé принудува да се откажеме од традиционалната идеологија за едно цврсто јадро (што го поседуваме или сме самото тоа) - односно од постварувањето и сакрализирањето на нашата способност да складираме, обработуваме и пренесуваме стекната информација.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Веќе не можеме да бидеме субјекти, бидејќи веќе нема објекти, чии што субјекти би можеле да бидеме, и веќе нема цврсто јадро коешто лесно би било субјект за некаков објект.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Не можеме повеќе да бидеме субјекти, зашто нема веќе објекти на коишто би им биле субјекти, и нема веќе цврсто јадро, што би можело да биде субјект на некој објект.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)