Големата љубов што ја наследив од Мајка, која цврсто ме одржуваше на кормилото на животот, Мајка велеше дека ќе ја заслужам со нејзиниот благослов ако ја доживеам од моите чеда. Таа мајкина љубов.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Немај гајле, оставиме мене јас да му објаснам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Разбра за што се работи. Пред да заминам цврсто ме прегрнаа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Не можам, Снежана цврсто ме стега. - воздивна куклата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Јас посегнав по зглавје од камен а каменот цврсто ме стопи во мигот...оградена со јад и болка...каменот го сомлев...го преплашив со мојот огромен страв...мајка му на Прличев можеше да ми позавиди...само да беше жива...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Мајка ми цврсто ме стисна до себе и долго ме галеше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ех, деца, деца, што уште не ќе доживееме со вас, само да сте живи и здрави – воздивна таа и многу цврсто ме прегрна. – Биди без грижа – додаде, како да знаеше на што мислам – јас ќе средам со татко ти.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)