цврсто (прил.) - го (зам.)

Јане стоеше пред мајка си држејќи се за работ на елекот, со слабите рачиња, ама цврсто го стегаше елекот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Гоце скрцка со забите, уште еднаш цврсто го стегна кундакот од малихерката и извика: - Удрете на поробителите!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ти се чинеше дека е жив и дека ја целува земјата со своите врели усни.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Селаните цврсто го барале тоа, но Никола со синовите дал мито кај Абди-паша во Монастир, а можеби и кај Ахмед-паша во Цариград, и ја зел планината. Кај маказарчани ова предизвикало голем бес.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но кругот се затвора и мајката само поцврсто го стегнува своето девојче. Таа малце премислува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И кога пишуваше и кога зборуваше раката цврсто го стегаше срцето.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Погледни ме, рече тогаш, и запамети ме, и сè што правеше потоа - го правеше со рака на срцето.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во Берлин 1986 год. ја добива наградата за режија на филмот Караваџо (Caravaggio), со којшто цврсто го обединува својот сликарски талент со филмското мајсторство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сѐ што е забележено на лента е факт, но селекцијата на појавите, начинот на кој тие се претставени и потоа во монтажата споени, нѐ води во просторот на интерпретацијата, авторскиот став, фикцијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Инспириран од патувањето во СССР, врз основа на таму снимениот материјал, во 1984 год. се реализира среднометражниот филм Imagining October.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, во мигот пред да ја изгуби рамнотежата, цврсто го зграпчи бастунот и остана исправен колку што можеше подолго.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сите цврсто го гушкавме.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со едната рака цврсто го држеше ременот, а со другата и со нозете го клоцаше снегот, го распретуваше, настојувајќи да го ослободи животното.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старецот замолча. Му ја фати главата на својот внук, го бакна, цврсто го стегна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А Јурукот, само малку начнат од лутата секира, цврсто го чуваше своето јазлесто, збиено тело, својата необична моќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дождот толку цврсто го воспостави својот авторитет што секое живо суштество остана во своето живеалиште.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ми пасуваше како облека за нуркање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа ми помогна да влезам во тоа, ми пробуши две дупки за ноздрите, го повлече патентот на грбот и цврсто го навлече преку мојата глава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А сѐ друго - милувањето, нежноста и благото предавање - беше она на што се надевав. Речиси.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа што го посакувавме со силата на нашите желби веќе цврсто го држиме во дланките.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На Камилски видливо му олесни кога го забележа својот пријател од Македонија, негов поранешен студент, цврсто го прегрна и потоа им го претстави на одговорните од Организацијата на доброволните француски шпански борци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Александар, ни сам не знаејќи зошто, цврсто го стегаше стикчето во својата тупаница.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А ти... како си знаеш, така прави...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Само едно знам: ми било пишано така да биде, па... нека... (Одвај чујно изговара.) Нека биде...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Велиш, Цигани, вакви, онакви... Ама тие, ене, гледаш, чесно и цврсто го држат адетот...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тој спокојно полека ја отфрли наметката своја, па му се фрли на коњот на рамена и цврсто го стегна со нозете.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Со клучот, што толку денови цврсто го држеше ДАГ, се отвори вратата кон север.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само знам дека цврсто го прегрнав татко ми кога ме пренесуваше заспан во мојот кревет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Го фатив за раката и цврсто го стиснав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Чичкото шофер цврсто го прегрна своето девојче, насмевнат и задоволен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)