раја - селско население во Отоманската Империја оптоварено со арач (даноци и намети), без оглед на верската припадност. Од XVIII век, само христијанско население, сиромаштија, понизок сталеж
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Пишувајќи за навистина тешката економска и психичка ситуација во која се нашло речиси целото христијанско население во Битола, М. Ристиќ ги изнесува и следниве интересни сознанија до кои дошол: „Христијанското население живее постојано во некакво очекување дека нешто ќе се случи што еднаш ќе тури крај на оваа неподнослива ситуација.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)