Уште ни до црквето не беа дојдени, кога дождот им прекисна преку капите и водата низ коса им потече во вратовите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Јас добро знам дека сме земја во транзиција, па, сепак, тешко ми паѓа што сѐ уште ни законот за пушење или паркирање не е целосно реализиран.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Оној секако не стаса уште ни да го види откриениот опинок во снегот, сега веќе сиот закопан во јамата, што ја испрета со сите четири нозе, кога сите други наскокаа врз него во еден налет од сите страни, вплетувајќи се во едно жилаво зачекнато клопче, кое почна да се преметнува, пиштејќи со шесте различни, нападнувачки гладни и бранечки молезливи и исплашени процвичувања, уште потесно прежилувајќи ја впиеноста еден во друг.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
— Море ми, добровечер, побратиме! (макар да не е уште ни пладнина!).
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Ех, - рече Методија. - Тој уште ни на мрава не гази ама грчки итрини. Демек, ако е проедро, грчко ќе биде ова. Ти текнува?
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Каде се Евразија и Истазија? Уште ни нив не сте ги освоиле.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)