уште (прил.) - тука (прил.)

И уште тука се виде дека четворицата ортаци што го нападија Турчинот не јадат леб на една софра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Правдата слепо наивно пред порти надвор, уште тука седи.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Каде сме, зошто сме уште тука, во овој круг на пеколот, на дното што се гледа, еден од девете, за секој прв и последен, тешка навреда.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Валијата и пашата испратија големи потери по бегалците и не знаејќи кој е нивниот војвода, ќе почнат да се распрашуваат кај бабите по селата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Последен излезе и бапна во вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади од затворот и им ги спаси животите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури бимбашијата го претресуваше мало Мариово, Толе се врткаше по старо Мариово преку Црна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури ќе стое лејката, јас одовде не мрдам — му одговори Толе и се раздели од него, испраќајќи го до Плетварски Дервен, да не го згаштат уште тука агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Земјата беше црвеникава и стегната како цемент, а публиката си беше сѐ уште тука.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вревата се зголемуваше и немирот, уште тука, растеше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога тој не сакајќи се закашла голтајќи чад наместо воздух, човекот со лузната го погледна речиси зачудено, како да не очекуваше дека е сѐ уште тука.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„А ти, мали?“ му се обрати. „Да ти најдеме нешто?“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Него уште тука го запретавме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури откако ќе го отвори шишето, Фезлиев ја забележува Неда дека е сѐ уште тука. Почнува да се обѕрнува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)