уште (прил.) - троа (прил.)

Скришум погледнува кон жените меѓу кои седи и Ристана. По мажот сите ја викаат Крстовица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кревалката е да крева капаци од усвитени вршници да не пеплосаат предвреме и уште троа да потлеат старите мераци
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Низ калдрмата, одвреме-навреме, ќе се стркала по некоја шеќердисана мисла стрвна по уште троа шеќер-локум и шербет-кафе и троа троичка сусамче и марципан од први мераци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Уште троа деца ни останаа живи... Господе, господе!...“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Капиданот или кој беше не знам, ми пријде и ме праша: - „Од ова село си ти?“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште троа надеж што му остана е да ве види сите израснати и заминати по патиштата на сопствените животи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А забрадената жена продолжи: - Удри со ногата на врата, се исправи некако чудно, ме погледна, замолча долго, а потоа на нашински рече: „Мајче, крај гробиштата има многу убиени“.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)