уште (прил.) - топло (прил.)

Знаев дека тоа е невозможно, па сепак, кога третиот ден по смртта на дедо ми Баџак тато нѐ однесе во дедовата куќа во Влае, одев од соба в соба и внимателно разгледував да не најдам некоја трага од присуството на дедо ми што би значело дека тој сепак е жив: некоја недопушена цигара во пепелникот, тукушто соблечена кошула, чорапи свиткани и ставени во „беж“ еспадрилите што најчесто ги носеше, очила врз отворениот весник на канабето во дневната соба, недоиспиено, сѐ уште топло кафе...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Лежеше мирно, како да спие. Телото ѝ беше сѐ уште топло.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледав во неа, мислев на сестра ми Роза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кокошката уште крака, велам, и јајцево е уште топло.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)