уште (прил.) - толку (прил.)

Но кога виде дека Крчо заради неа ја остави татковата куќа и се пресели кај сестра си, уште толку го засака и се ослободи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таман да ги помине овците, слушна под пат некакво мрморење: како од подземи да зборува човек. Уште толку се исплаши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Бравос, бре Мариовци, — извикаа сите тројца и ги прибраа парите, а Крстета го одведе Бајракот кај Алимасковци да преденува, па вечер да го испратат назад во четата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толевите двесте и педесет, и уште толку собрани од цело Мариово, му ги теслимија една вечер на секретарот на Толета — Шаќира и овој се преоблече во мариовски алишта и, со пушката под сакма, со пазарџиите отиде во Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Рано е да постане, има уште толку начини за разрешување на оваа позиција, а нешто му шепина дека меѓу тие многубројни начини се крие само еден што води до победата, и тој може, и тој мора да го најде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Седумдесет авиони кои полетаа од аеродромите во Лерин, Рупишта и Кожани во пет часот наутро ги нападнаа позициите на ДАГ, а половина час подоцна, рововите и бункерите почнаа да ги бијат сто и четириесет топови, уште толку тешки минофрлачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие негови зборови уште толку ме дотолчија и мислам дека целиот мој беден живот ќе ги паметам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
До смртта на најголемиот освојувач на светот напишав десетина тетратки со приказни од „ограбениот“ писател, кои често се повторуваа, со неверојатна прецизност, вредни да се објават, како доказ дека некои луѓе, за жал, живеат во свет толку реален за нив, а, сепак, невистински, и уште толку на листови од освојувачот и неговите вистини.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На само 45 степени, плус уште толку покрај жарта што, се подразбира, сама мораш да ја одржуваш кршејќи ситни гранки дрва и да ги потурнуваш во огнот, кој веднаш ги лапа, а ти кршиш нови и спотинаш оган постојано.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
(Нешто слично ми се имаше случено само уште еднаш; имав слаба по математика, во втора година: Земанек ме тешеше, и ми даде една книга под наслов „Космос“, од Карл Сеган; таму се расправаше за нови, незнајни светови; се тврдеше дека секоја секунда изумираат милијарди и се создаваат уште толку нови светови; тогаш за првпат ми стана смешен проблемот што го имав со слабата по математика).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако ме одбиеш, бак бурда - апсаната ми е полна со околу триста ѓаури: кој не платил данок, кој е робен, кој е против Мухамеда, кој колнел Турци - е па, речеш ли жне' и не ме послушаш, сите нив ќе ги пратам да веслаат на корабите, а уште толку невини кавури ќе испратам на ангарија во Мала Азија, а во нивните куќи ќе населам Турци Анадолци!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се смурти прво, облак ги надви нејзините густи чатма веѓи, носот ѝ се издолжи уште толку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Носот му се издолжи уште толку, очите му пропаднаа, небаре во кула без пенџериња.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како ќе живее тој таму сосема сам, без неа? Па тој е уште толку мал.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
МИТРЕ: Не џанам, за тоа не му се плашам и уште толку да падне. Маро, што правиме, до каде сме?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
— Ќе ви залетне некоја коска од ,рибите", вели Лазор Рогожаров и ние уште толку ќе викнеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти за тоа нема да имаш срце ни по уште толку денови гладување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, тука беше и купчето сено, и трошките леб, беше и црпката со вода, и прозорецот, и уште толку многу работи, што требаше да бидат откривани во тој ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Скопскиот беглер-бег беше и паша – командант на скопскиот гарнизон, та нареди, еден табур од двеста души платена редовна војска да тргне во оваа експедиција, а во Кавадарци го пречекаа и му се придружија тиквешките бегови на чело со Јашар-бег со петстотини свои луѓе и уште толку башибозук, собран по целата Тиквешија за пљачка по Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мечката уште толку се восхити, ама нешто ја натера да се зачуди.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)