уште (прил.) - таму (прил.)

Кметот, тој што се караше со војниците, седеше уште таму, ама сега заспан.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ами да знаев - дофрли друга - дека чупата е нејзина, уште таму горе, кога ги преземавме ранетите, ќе ѝ кажев...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Првиот, што можам и денес да го распознаам и за кој по нешто и знам (иако го пресретнав уште таму, на вратата од почетното распознавање на животните знаци), беше оној: дека сум најдена под високиот брест на тромеѓето помеѓу Моинци, Зрново и Подлог.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Господи, не сум сигурна колку ова нашепнување треба да го сфатам како шега, а колку како податок што требало да ме збуни и да ми ја предочи нерешливоста на загаткава што самата си ја поставив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се појави уште таму, во Гаково, дамна пред да се напикаат во вагоните што ги истурија тука.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Доне, таткото на Дончо, исчезна уште таму, во рамната земја, во таа пуста Војводина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се фатив за џебот од панталончињата да проверам дали парите ми се сѐ уште таму: таму беа, проѕвечкаа кога ги притиснав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А потоа, уште таму, на брегот на Црното море се пренесе веста за вашето херојство во одбрана на отстапницата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Ако беше за колење, му велам, ќе те заколев уште таму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислиш дека душата уште таму му скока и се тркала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
не му текнува ништо, него стрелајте го, вели тој, големиот, со едно кило петлици на алиштата, него стрелајте го, а селово запалете го, и војниците го грабнаа, го залепија на ѕитчето од црквата и се даде команда ״оган“ и старшијата се свлечка покрај ѕидот, се истиша како и гајдата што заборави да ја испушти од раце и може да е уште таму, оти ние после се разбегавме, тие фрлаат пушки, а ние бегаме, кој нагоре, кон напреку, и после, ене што направија од селото, може да е ова судниот ден, судниот час, вели Николе Валавичарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)