уште (прил.) - порано (прил.)

Се разгледав наоколу и ги видов уште порано започнатите работи околу уредувањето на просторот околу бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Порано. Уште порано, многу порано, постоел само еден човек, по име син на Пајко или ибн Пајко, ибн Бајко, а можеби и ибн Тајко. Кој е вистинскиот?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мила таа недела беше под казна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И онака имам скратено излегување, зар уште порано од тоа да си одам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Низ толпата се промушнал здив на олеснување - од искони ножот бил дел на нивна коба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доце Срменков (а и другите каменоломци) секако сакал да знае зошто им се толку воденички камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И видовитиот Дмитар-Пејко, маѓосан од допирот на вториот Онисифор, најпрвин клекнал, потоа, без збор, како сето тоа уште порано да било предвидено или договорено, ги кренал рацете над глава и се спружил на грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Уште порано пративме човек со нешто пари, ги потсетил Онисифор Проказник. - Тој ви кажал, мислам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Требаше славомакедонскиот јазик да биде забранет уште порано.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Уште порано, ни сам не знам како, бев уверен дека тоа што се случи тогаш, еднаш мораше да се случи и итро се наведнав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тука, уште порано беше открил една напуштена стерна, длабоко, темна неизвесна. Се доближуваше до неа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Воловите ни ги зедоа уште порано за комората.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)