уште (прил.) - полошо (прил.)

Требаше да се бара ноќев. Може да се случи цела ноќ да спие на клупа во некоја зачадена крчма а може, уште полошо, да остане надвор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зад овие провокации лежи една сериозна порака: човечката страст да се пронајдат апсолутните вистини, колку и да е благородна, премногу често кулминира во тиранија на умот, или уште полошо.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој го заврши воведот од своето дело Who’s Who со изјавата „Водечките интелектуалци со нивните стремежи за објективност ... се криминалци, а не ослободители на човештвото“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Уште полошо. Ракот ќе погоди еден од семејството, а офтиката погодуваше цели семејства.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас таму во очај појдов и не ќе беше право да мислам дека ќе има нешто уште полошо и пострашно што би требало да очекувам. Не ќе беше право.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Како си, Небеска? — Вчера ми беше лошо, а денеска уште полошо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред Божик и зад Божик кај и да си, оди на вечера со русокоса придружничка за која однапред се знае дека е ненаситна тигрица со тесна специјалност – черечење на сладникавите занеси.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И што е уште полошо, им ги полнела со свилени чаршафи устите на сите што во знак на одмазда и ‘рчеле во ритмот на Радетскиот марш.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сакаше да се врати, но се сети дека ќе биде сомнителен и ќе направи уште полошо; затоа смело тргна напред преку мостот и почна да си свирка со устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Нели, бидна и она што со години се очекуваше. Жената на Иван Степанович, Анастасија, се породи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да не се случи нешто уште полошо. А лошото и без тоа добро го познававме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)