уште (прил.) - оддалеку (прил.)

И уште оддалеку го позна и се затресе. Се исплаши ли, или се засрами?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го видоа ова Илија и Митре, и овој последниот позабрза пред Толета и уште оддалеку почна да вика: — Селани! Не бегајте, не плашете се!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, така те сакам, да ми дојдеш како јунак, а не да го ведиш грбот — го пречека тој уште оддалеку и се стрчна, та го прегрна и се избакнаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа ја нарушуваше и расцепуваше тешката монотонија напластена над сивите покриви и уште оддалеку ги мамеше погледите на минувачите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бев пресреќен, затоа што уште оддалеку ми се чинеше дека под тој шатор, под тоа омеѓено парче небо се случуваат сосем чудни работи, целосно независни од светот наоколу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Едно попладне, враќајки се со Тамара од ручек, уште оддалеку ја препозна Атина како оди под рака со еден висок маж, елегантно облечен во кремасто одело и шешир на главата во истата боја.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште оддалеку удира смрад на коњски белеги и гнилеж.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Одам, а една граната над мене свири, дали свири. Уште оддалеку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тие, ќе ме сетат уште оддалеку и уште оддалеку викаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)