уште (прил.) - неколку (прил.)

За нејзиното нормално одвивање требаше да минат уште неколку часа од ноќта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се заниша танецот од опсадителите. Последуваа уште неколку залпови од турскиот аскер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Бликна врела црвена крв и му го попрска елекот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Романот е обликуван во посмодерен код како приреден ракопис во чие ткиво се инкорпорирани уште неколку текстови кои го поткопуваат главниот текст.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Снегот се засилуваше. Се возеше бавно и тогаш си помислував, ако вака бавно се вози ќе ни требаат уште неколку дена патување до Берлин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мислено секогаш гледаше, како илустрација на разлагањата од горниот вид, една заграда во која фигурира и неговото име, покрај имињата на уште неколку негови несреќни собраќа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Филмови и пак филмови и уште филмови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во октомври Стоунси се вратија да се обидат уште еднаш - свиреа на Академијата за музика на 14. улица, а на 25. првпат требаше да дојдат на “Шоуто на Ед Саливен”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со намера да им се зголеми публицитетот, што им беше повеќе од потребно, Ники Хаслам со уште неколку пријатели одлучи да направи голема журка во студиото на Џери Шатберг на Јужната Парк Авенија, една вечер пред “Шоуто на Ед Саливен”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Продолжија уште неколку чекори така... И директорот уште попродорно го изгледа дајреџијата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Излезе на чистинката, на снежната белина, па чучна за малку, очекувајќи ги и своите следбеници, па кога уште неколку сенки се измолкнаа од под сенките на дрвјата, волкот претпазливо, лесно газејќи по замрзнатата површина на снегот, се упати кон плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Уште неколку минути му беа потребни да се качи на сеното и да ѕирне низ вратничката од каде што ноќеска пукаше во волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
До пладне имаше уште неколку задачи за вршење, кои не беа којзнае колку итни, но кои во секојдневниот живот во колибата мораа да се свршат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
До вечерта Бојан истрела уште неколку куршуми, целејќи во еден стар, ’рѓосан германски шлем, останат на колибата уште од Првата светска војна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во рамката се држат уште неколку парченца испукано стакло. Долу на подот - куп срча.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Има една барака во која неколку жени се грижат за новороденчињата.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Остануваат во оваа барака уште неколку дена по породувањето, а потоа ги враќаат во бараките во кои биле сместени при доаѓањето во Терезин, и веднаш почнуваат со работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Изнаредил стихови од три - четири песни александринци Нуне Волта, неколку катрени, три - четири сонети и уште неколку гајтани стихови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само уште неколку пожолтени лисја трепереа на врвот од високата топола.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Дури сега забележуваме дека тука се наоѓаат уште неколку празни шишиња.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Беше една мечка, што можеше да прими во своето огромно тело уште неколку негови зрна и да ја впие во себе сета нивна придушена бол, но беше и една погодена мечка, што можеше да чекори и да продолжи кон него со една не толку тврдоглава решеност, со сета крвава трага, што веќе ја оставаше по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За себе имаше само уште неколку чашки чај, во кои го истури сиот преостанат шеќер и повеќе ништо друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таквите куси мигови, кога успеваше да заплива сам во таа белина, чекорот му стануваше лесен како на елен, а во него се насобираше некое гнездо топлина, што раздразнува меко, гаделичкајќи го во градите, и му беа потребни само уште неколку такви, длабоки и слободни здивнувања, за да ја изгуби сосема тежината на туѓото присуство и да запее, да вресне нешто без смисол и без ниеден збор, само еден див долг и ослободен вресок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фрли сега повеќе од страв, отколку од сѐ друго, фрли сѐ уште со онаа наостреност во себе, но си го исфрли и последното зрно и знаеше дека му преостануваа само уште неколку мига, во кои требаше да се реши сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само уште неколку часа, - им зборуваше во себе на оние двајца како на две деца, - кога би можеле да докрепите само уште неколку часа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Им рече само уште неколку пати: Да ве носи врагот...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако го сретнеме, мислеше, ако биде среќа да го сретнеме, ќе можеме да ја преживееме тука и целава зима, едноставно да си останеме овде сѐ додека еднаш не разјужи, а пак ако разјужи побргу, тогаш ќе можеме да си однесеме и дома, заедно со една добра свињска кожа, уште неколку килограми свињско месо, пресно и замрзнато. Ајде, си рече сега, добро, ќе видиме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред него беше една средена собичка три на три метра, во едниот агол беше дрвеното самоделско  легло, во другиот гореше големата печка, над неа граот беше зоврен, до прозорецот беше масичката, а на ѕидот од дебели греди висеше неговата пушка, фенерчето и уште неколку листа хартија, од кои едно беше минатогодишен календар со ливчиња што се откинуваат секој ден, на кој стоеја сите ливчиња неоткинати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му го фрли сеното на подот, а после срони тука уште неколку корчиња леб и седна на креветот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше еден лилав септемвриски ден, за другите тој секако беше сончев и чист, доѕидуваа некакво банкарско здание во Букурешт, беше на највисокото скеле, остануваа уште неколку реда тули до чатијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само уште неколку минути и јазичето ќе ја лизне капсулата и темелите на златниот Молох ќе исчезнат во јароста на пеколот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Утредента еден од офицерите дојде в село кај Полин со уште неколку војници да ги видат растенијата како изгледаат, каква форма имаат, боја, мирис, вкус.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дека блиску, кај Сајмиште, па потоа низ нивите во Ќерамидница, уште неколку км.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Фигурираа уште неколку ликови-главата на ривалскиот клан Колбиеви, снаата на Блек Семи Џо (обид на Стивен да изврши ревизија на својата хомосексуална ориентација), па сетнем од некаде се појавува уште еден син на Блек, Адам.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тешко дишејќи, човекот појде уште неколку чекори и падна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Рада повторно пред да ја продолжи својата искреност, отпи уште неколку голтки од чашата, потоа следуваше длабока воздишка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- В ред. Само да направиме уште неколку анализи и си одите дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На докторот и главната сестра им се придружија анестезиологот и уште неколку сестри.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште неколку бедници до мене, врескаа преплашено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тодор веќе беше во „Корзо“ со Костадин, другар му Петар и уште неколку пријатели. Седеа на една маса надвор.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Бургиба ќе живее уште неколку години со митот на својата ограничена величина, но сигурен дека ќе заземе високо место во историјата
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но лицето на Големиот Брат изгледаше како да опстојува уште неколку секунди на екранот, како божем влијанието што го извршило врз очните јаболкца на сите, е премногу силно за да исчезне одеднаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Разговараа неврзано уште неколку минути, а тогаш, без некоја посебна причина, гласот од екранот им нареди да замолчат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но уште неколку дена - уште неколку оброци - дури му успеа и тој потфат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Направи уште неколку нервозни чекори низ ќелијата, фрлајќи повеќепати желни погледи кон клозетската школка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па затоа се задржа уште неколку минути во разговор со старецот, чие име, како што откри, не беше Викс - што можеше да се заклучи од натписот над продавницата - туку Черингтон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Големиот Брат додаде уште неколку забелешки за чистотата и за едноставноста на животот на другарот Огилви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од некој агол на своето сеќавање тој беше извлекол уште неколку стихови од заборавени песнички.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон остана да лежи уште неколку минути.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Десеттото издание нема да биде објавено барем уште неколку месеци, претпоставувам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На масата стоеше речиси до половина испиено шише црвено вино по вечерата ѝ стоеја уште неколку нераскренати садови.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тода зеде уште неколку китки од бунарот и ѝ донесе на Нешка, која не ги врати и отворено призна дека го сака Крлета, ама ја страв да не разбере мајка и.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа како да му мина стравот, касна уште неколку залаци спотерувајќи ги со вино додека тој џвакаше полека, другите крај масата грабеа од парчињата и јадеа со сласт.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тогаш забележа дека и балконот е скоро разграден, одвај на него се држат уште неколку тараби.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
По патот го втасаа уште неколку непознати дрвари од горните села.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Благица му мавна со рака. Врапчето заврте уште неколку кругови и одлета кон полето, кај дрвјата, цвеќињата, кај тревичката...
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Над ридот, зад кој ги снема камионите, сивата боја на небото премина во белузлава и полека почна да се заруменува и, само миг потоа, Прењес го облеа црвенило.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште неколку чекори и Нумо застана. Се сврте.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Драги патници времето е вонредно тажно целта неподатна летаме на опасни височини со душоломна брзина само уште неколку илузии и ќе се спуштиме на почетокот не размислувајте и не напуштајте го седиштето сѐ додека наполно не запре работата на срцето
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
2. Зборот ми е уморен од несоница Поседи уште малку уште неколку мига Овде е сѐ толку будно ни лудило да не ти недостига поседи уште малку времето барем во среќата спие – јас никаде Во тагата ми ѕирка преплашено дете поседи уште малку моќна е близината - разделени како сонот од лагата кажи ми што виде ноќеска...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Умираш симболично повеќе пати живееш стократно повеќе имаш безброј животи безброј ликови и сето тоа е - природно и нормално и по сето тоа се будиш наспана преродена за да можеш да поднесеш уште неколку стресови сѐ до следното паѓање во сон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Остана уште неколку секунди да стои пред нејзината врата, несвесен за тоа што се случило.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога Ѓорѓија ќе почнеше некоја тема, таа си пивнуваше од чајчето и го гледаше немо од крајот на тркалезните очила.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нејзиното плачење го подземаат уште неколку извеани жени, а ние само се довикуваме и ги с'скаме: Дојди, натепај ме, вели една.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ти удрат неколку, а потоа пак уште неколку за да не ги заборавиш првите. За секој случај.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Обериутите” подоцна настапувале уште неколку пати, но по жестокиот напад врз нив во листот „Смена” групата престанува да постои, па така не ни излегува планираниот алманах „Архимедовата када” („Ванна Архимеда”).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Уште неколку дена и таа ќе оди на школо а тебе не ќе те пуштаат со неа и со другите деца да седиш.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
До крајот на есента се случија уште неколку работи за кои Егејците не можеа да најдат објаснување: Господ цела недела не си ги запре солзите и не само што се наполни коритото на Вардар, туку и сите улици, плоштади и подруми до железничкиот насип.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Скокнува и ломотејќи уште неколку збора напросто се исфрли надвор во ноќта, во длабокиот и бел снег, а по неа, набрзина поздравувајќи се, истрчува и Чана.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Додуша шеткаа меѓу рисјаните уште неколку маалски попови, по еден до двајца во маалата Генко, Рале и Станимир, ама и тие се топеа како пена од ден на ден.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)