уште (прил.) - длабоко (прил.)

Така, денес се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а се удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност, а можеби самата е уште подлабоко во своите корења – изворен народен дух (мислев, се разбира, на мојот џез, инспириран од народната песна).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нека остане меѓу нас, бате, мене ми е мило што ме фатија пред да забраздам уште подлабоко.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И години со ред се надеваше дека еден ден ќе му тргне, но...овде ги стегна Аргир силно капаците на очите и уште подлабоко проникна во својот изминат живот. Каде не скитал, што сѐ не ѕидал?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се поздравија, Тодор замина, а Петар и Костадин ги облекуваа палтата и шеширите сѐ уште длабоко внесени во разговорите, излегоа од бистрото и заминаа секој во свој правец ....
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)