уште (прил.) - веднаш (прил.)

Тој не ги поведе своите на манастир, како што правеше секоја година, не ги поведе да не му пречат, зашто мислеше на сѐ, - можеби ќе си пријдат со Богдановото девојче, необични и тој и таа, узнавајќи се од душа такви, а тогаш треба човек да биде сосем слободен, ќе треба можеби да бегаат заедно далеку од род и родина, каде што сите стеги паѓаат, ќе треба можеби уште веднаш да загинат заедно, дека е тоа најдобро, не знае тој.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Потоа, властите се распрашуваа што правел Јован за сето време во војната, дали нависитна тој ја растурил бомбата од Црн Камен, дали одел често на станицата и на Битолско Џаде, и дали тогаш, при одењето од Потковицата, го отворил пред некого од нив куферот или дали само му кажал на некого навистина што носи внатре, во куферот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Достасаа во Потковицата едночудо луѓе, агенти, од Тополчани, од Прилеп, од Битола, и сите од ред го распрашуваа за Јована и за неговата придружничка, но најмногу, нив, железничарите ги товареа: зошто уште веднаш не го пријавиле Јовановото заминување?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Такви исти верувања, кај различни луѓе, на различни простори, се повторуваат неброено многу пати низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го сфатив јас тоа уште веднаш. Вие сте овде како на еден долг одмор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа е прекрасно, навистина прекрасно: вашите браќа плаќаат за вашиот престој, вие уживате во слободата во овој затвор, како што ја нарекувате нашава болница, наспроти неслободата и присилата кои сте ги чувствувале надвор одовде, неслобода и присила далеку помали од оние кои ги чувствуваат вистинските болни, секако, вашата неслобода и присила се сведувала на семеен конфликт, а не на длабок раздор во себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една девојка е сигурна дека некои нејзини мисли се всушност туѓи наметнувања, и прави спротивно на нив - ако прво помисли: овде ќе ја преминам улицата, веднаш потоа се спротивставува, и преминува на некое друго место; ако си рече: „Време е да јадам“, во следниот миг решава да остане гладна до следниот ден; ако си помисли, додека пие вода: „Пази да не ти се лизне чашата од рацете,“ уште веднаш ја фрла чашата на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
117. Ова искажување не е сосема точно, зашто во Бугарија Македонците работеа „во полза на Македонија” и многу порано, уште веднаш по ослободувањето на Бугарија од руската армија (1878).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Растрепканиов поет уште веднаш ги амнестира сите што тој со години ги чуваше по затворите, а потоа ширум им ја отвори земјата на странциве.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште веднаш да ви кажам дека моето враќање во Скопје воопшто не ми донесе утеха, некаков надомест за сѐ она што ме снајде во Битола од проста причина што овде уште помалку имаше некој што можеше и сакаше такво нешто да ми учини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Беше зајак, тоа можеше уште веднаш да се види.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко можеше да го знае тоа уште веднаш по малку, кога сите со сините комбинезони си отидоа, а тој остана, онака ластарест, во госитлницата, и побара од него стан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И уште веднаш потоа како беше подуено уште повеќе она неговото лице од таа пченица, по која се поврати уште еднаш со раката оној.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така фрли, и уште веднаш знаеше дека во своите раце држи една таква ужасна направа, пред која ќе отстапи сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А уште веднаш, штом го изврза последниот јазел за дебелиот пар над своето лице, клепките му се спуштија со ужасна неумоливост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш некогаш дојдоа и селските говеда, со кои оној акаше по планините, забирајќи ги од средсело уште веднаш по кревањето на росата и враќајќи ги во вечерите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не велеа ниеден збор, тој остануваше само по неколку мига крај секоја нова група, онака заздишен, кога ќе ги видеше нивните избегани погледи тој уште веднаш продолжуваше понатаму, крај другите, третите, повторувајќи ги само оние свои пусти лудечки движења со своите раце, со тие огромни празни рачишта, навраќајќи по стотина пати во денот крај секоја група на тие темели, проклет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа само двајца џандари. Под нивните чекори подот во ходникот речиси потонуваше од чкртање, а тие веќе влегуваа во вратата на младиот Брат. Го одведоа, уште веднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаа на себе дебели ќуркови, поставени одвнатре со кожа, снежинките се стопуваа уште веднаш штом ќе слетаа на нив, а Змејко го префрли пораменици својот забан и избрза да им разгази малку напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И уште веднаш помисли на огнот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му дојде сега и она тага, што требаше да му биде заедничка со неа, но која секогаш продолжуваше да останува само нејзина тага, од тоа, што таа не можеше да му роди уште некое дете; тоа лекарите го рекоа уште веднаш кога го имаа Јовко.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мечката уште веднаш го имаше исфрлено од себе неговото јарче и стоеше свртена кон него, а по сртовите се расцепи еден таков див вресок, од чијашто болка чиниш и дрвјата здола го истресоа тешкиот окит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во сето тоа истрелот се изгуби просто како да не постоеше. Го удри, тоа го сети уште веднаш, уште по тупиот одзвук, уште пред да ја види крвта, како се развеа во една црвена перјаница како облак по белината околу она погодено, збеснето - самјачиште.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја гледаше сега таа зачекорена мечка како го скусува растојанието меѓу нив со некој нов скок и уште веднаш сети како од зад него се раззинува една длабока празнина, една ужасна провалија, и го влече кон себе; беше едно чувство како некој силен ветер да му дува во градите и просто го оттурнува да отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, уште веднаш, штом бичкијата се закопа во трупецот, а тој се поттргна малку настрана за да здивне, онака скапнат, со две врени клопчиња умора под своите мишки, погледот му запре на прозорецот и уште веднаш знаеше дека сега, само уште кусо време, ќе мора да дојде и крајот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Заспа уште веднаш, штом го сети допирот од перницата под својата глава.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А уште веднаш по нивното стивнување над целата Бела Долина се надигна еден заеднички лелек од многу арамиски гладни завивања и заплисна со својот сплет, од кој како да потреперуваше целата Бела Долина, обиколена и гола. Сега Змејко можеше и да ги гледа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, уште веднаш потоа мечката пак се сврте кон него, застана сега веќе без никакво двоумење, решена да достои на својот грабеж, како и таа да знаеше дека тој во пушката има само уште два фишека, просто подметнувајќи му го своето тело за тој да ги исфрли уште нив и потоа да ја пушти на мир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа уште веднаш, како изненадено, се обиде да се врати назад, да избега во снегот, но тој веќе ја имаше затворено вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш сепак и оние двајца се насмевнаа за нешто и уште веднаш и нивните лица станаа црвени.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но сите уште веднаш знаеја дека бригадирот Језекил - лаже.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нешто мораше да биде сторено. Сега, уште веднаш, уште следниот миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу, сепак тие се растурија по голината на една длабока долина и Змејко уште веднаш ја изнајде напред во снегот затрупаната врата на шумската пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше сепак добро, не мислеше многу на тоа. Уште веднаш ѝ се врати на својата бичкија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сврте во еден замав, заедно со својата насочена пушка, а во снегот пред него стана едно толку смешно испрепелкување, така што тој уште веднаш врескаше со онаа своја нездржана лудечка смеа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што дека уште веднаш им беше празно без него, особено на внучињавата, ама во неа имаше и надеж дека можеби некој друг го одлостил вагонот и го понел со себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Еее, не може така, - беше упорен тој. - Мораш да ѝ се извиниш. Појди уште веднаш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)