уште (прил.) - поголем (прид.)

Иронијата е уште поголема, кога ќе се земат во обзир природните богатства: Руди, топли подземни води, плодни рамници со богат род, реки со силни водопади и што ли уште не...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Езерото по кое бродеше стариот чун, осветлуван од месечината ни остана во сеќавањето големо како море, што со текот на времето, во спомените стануваше уште поголемо, океан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се вртам кон другата, но таму ми се предлага уште поголема примамливост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Само куќата на Бојана остануваше секогаш тажна и мрачна, оти, откако замина Крстан, таа виде само еднаш радосен зрак, но и тој зрак брзо згасна, затоа тагата сега беше уште поголема.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По куќите се вееја знамиња, кои сега како да беа уште поголеми и ја исполнуваа целата улица со чудна свеченост.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа врвна итрина на системот, итрина на симулакрумот на неговата смрт, со помош на кој не одржува во живот поништувајќи ја по пат на апсорпција секоја можна негативност - таа итрина може да биде запрена само со уште поголема итрина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеме слободно да кажеме дека агресивноста на неолибералната политика, во Македонија во периодот 2010-2014 година претставува главен кулприт за контиунираната ерозија на работничките права, енормната класна раслоеност и намалениот животен стандард, кои се неопходен предуслов за остварување на што поголема „флексибилизација“ на трудот, што во пракса не е ништо друго освен еуфемизам кој означува дополнителна дерегулација на пазарот на трудот, намалување на вредноста на работникот во работниот процес, негова уште поголема експлоатација, обесправување и осиромашување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И намерно не знаат како се викал, едни го крстат Григорие други Георгие, и намерно не знаат ни од кое колено на Акиноските бил, дали од првото што се доселило во Потковицата или од некои од подоцнежните (и покрај што настаните, видовме, укажуваат на првото, врзано е за првите доселеници Турци во Потковицата, конкретно за Арслан бег, но кога човек ќе му обрне внимание на тоа, тие, за да му дадат уште поголема зачуденост на сето ова, за да ја изедначат сета таа историја со божје претсказание, си плукаат во пазувите, крстејќи се бошотат нејасни зборови и избегнувајќи да одговорат или да го продолжат разговорот, итро и брзо ја менуваат темата) но бил стар, мошне стар, и праведник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отишле во уште поголем град и се пријавиле во циркусот што токму тој ден заминувал од таму; ги примиле само како знак на добра волја, да ги нахранат и да ги превезат во уште поголем град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Коница, во Епир, ја нападнавме на Бадник 1947 и завршивме со многу жртви; а во Македонија Воден, Соботско и Негуш исто така кон крајот на декември 1948 и излеговме со уште поголем број жртви, а Лерин во февруари 1949 и доживеавме невиден пораз?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На платната беше учипчил некој необична темнина која фосфоресцентно светеше и му даваше уште поголема мистичност на просторот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Интересите на Грција во Македонија се уште поголеми.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тешкотиите за достигањето на народните идеали служат само како школа во која се закрепнува народиот дух и се готви за уште поголема борба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако бугарските трговски агентства во Македонија се благодејание за нас, тогаш српските генерални конзулства сѐ уште поголемо. – Бугарите ни го поддржале востанието. И Србите го поддржуваа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
83. Таа арнотија добива уште поголемо значење со тоа што таа беше причината да се образуваат комитети, организации, чети, востанија, да има убиства, грабежи, колења и др. и во сето тоа Бугарија ни помогна и со пари и со трпење на комитетите на своја земја. 4/ верата во бугарското чувство кон нас си ја плативме со воставањето, од кое Бугарија вистина не нѐ задржа и не ни помогна, но… го испрати Начевича84 да преговара…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Замислете какво атерирање и, да е иронијата уште поголема, баш тука пред Аероклубот, на ќошот пред споменикот на Стив Наумов.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не, тоа воопшто не беше неговото малку подзамижано десно око, сигурно мнозина би помислиле за него дека е стаклено, бидејќи и впечатокот беше таков, но за оној што знаеше дека тука нема никакво стаклено око, провалијата на нескладот на тоа преку секоја природна мерка подуено лице изгледаше уште поголема и уште потешка за одгатнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Болеста е голема кога имаш леб, вели, и болеста е уште поголема кога немаш леб.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Маса Ќулумоска вели дека за голема болест, треба уште поголема смрдеа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За несреќата да биде уште поголема, заради констатираниот камен во жолчката, веднаш беше префрлена на хирургија. Итно беше оперирана и од оваа напаст.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Врати се, врати се, будалче! Ќе се каеш, целиот живот ќе се каеш, твојот детински ум те носи во уште поголемо зло, несреќно дете, малечок Леме!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Додека таа одеше на работа, тој ја хранеше, ја шеташе и се грижеше за неа со уште поголемо внимание.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мораше да е многу внимателен, претпазлив за да не предизвика уште поголема штета и затоа не брзаше во превземањето нови чекори.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И затоа продолжи неговиот рефрен во Римскиот сенат со уште поголема жестина Картагина сепак мора да биде урната!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој се сети и на другите балкански идеалисти кои црпеле од бескрајот на париските цивилизациски, уметнички, стилски, културни и други цивилизациски вредности на хуманизмот, ренесансата, класицизмот, рационализмот, реализмот, импресионизмот, авангардата (со кубизмот, надреализмот...) и се враќале во малечката родна земја надоени со уште поголеми дози на идеализам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По извесно време, студенилото му премина во оган: гореше, се потеше, фрлаше сѐ од на себе, но ништо не помагаше; чувствуваше како повторно да се наоѓа во Сахара, во нејзината жештина што еднаш ја доживеа; во бунилото повторно му излезе Сахара пред очи и жената со која што тргна и која постојано му го отвораше прозорецот од џипот и му велеше: издржи, издржи уште малку, а низ отворените прозорци место свежина влегуваше уште поголема жештина.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој уметник [Wilhelm Frideman Bach], барем што се однесува до познавањето на хармонијата и на способностите за изведба, ги надминува сите музичари што сум ги чул во животот и оние кои можам само да ги замислам, макар што луѓето кои го познавале татко му тврдат дека тој бил уште поголем музичар. Така смета и кралот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од нашето чунче коешто, една ноќ, нè префрли од едниот на другиот брег од Езерото, кога станавме емигранти, ние сега бевме во нашето вагонче на судбината кое нѐ оддалечуваше од Езерото и ние, поради тоа, станувавме уште поголеми емигранти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, во својата стратегија за опстанокот на семејството, помислуваше, тоа не го скри и ни го кажа во една пригода, дека можеби беше и добро што Мајка го загуби каталогот, зашто времето на повоените години донесе уште поголем контраст помеѓу хроничната немаштија и сликите на облеките и на предметите од Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неколку години подоцна се извиши и вториот, сега повисок насип со уште поголема хидроцентрала, на самата граница.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Да не живеевме секогаш крај води, маките ќе ни беа уште поголеми, неиздржливи, неизминливи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Веродостојноста на приказната содржана во неговите записи, сметал стариот монах, добива уште поголемо значење ако се смести покрај имињата и гласовите на новороденчињата; покрај плачот на детето и изреченото име од страна на кумот и тоа секогаш забележани под надзор на благата насмевка на светците.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не знаев како да чистам вакво месо и бидејќи љубопитно ме гледаа имав уште поголема трема.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И тогаш уште поголем страв ме фати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како цел живот да сум била овдека ми иде. „Животот е голема лага, велеше дедо, а ние сме тука за да биде уште поголема.“ 49.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ех, малку се збркав, но тоа е уште поголем доказ за мојата љубов – се правдаше Ц. – А сега ќе ти купам прстен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Можеби војска не беше многу, беа пет или шест партизани, ама стремежот народен беше голем и радоста беше уште поголема затоа што, ете, си има своја војска...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа пазарџиите првин се спогледуваа меѓу себе, оџагрени и препалени, со големото прашање во уште поголемите очи. Кој, кој?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И тие им биле наклонети на дубровчаните, и ако овие извлекле од нив некоја корист, тие од нив извлекле уште поголема.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој од сопствената моментална вина на совеста градеше одбрамбен механизам, заканувајќи им се на луѓето на кои им значи, дека ќе се самоубие, само за да му ги простат направените грешки и за со мирна совест да продолжи да прави нови уште поголеми.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)