уште (прил.) - стои (гл.)

Скелето со сајлата сѐ уште стоеше фрлено крај оградата од кленики. Го исправивме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Тоа, кога ќе прославуваме кај Симона“, рече Михајло. Тој сѐ уште стоеше отаде пенџерата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Грозјебрањето беше во ек. Уште стоеја јасните дни.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Коле сѐ уште стоеше крај Буза. - Другари, - се сврте кон оние кои седеа зад него, - кој сака, може да прејде кај нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сѐ уште стоевме исправени и неми.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На коњот сѐ уште стои неодврзано седлото на императорот сосе попрази и сосе узенгии, и голем свиток стои во торбата - испишан со ракопис на Хадријан - sacra populi lingua est.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сега, од големата библиотека што ја изгради Тој останал само еден изгорен столб поцрнет и од времето и од огнот и сенка на голем коњ се ниша меѓу урнатините.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Брашното во паницата уште стоеше неначнато, но Бојан знаеше дека штом срната малку ќе се ослободи, штом ќе навикне на него и ќе насети во него пријател, штом ќе привикне на колибата, ќе побара и да јаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имате проблем, ако е тоа воопшто проблем, да следите што во моментот сѐ уште стои како оригинална работа?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Надвор, како некој провиден, кристален бедем, сѐ уште стоеше белата ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Немаше ниту ден погледот на Рада барем случајно да не биде фрлен кон планинарскиот ранец каде во тајната преграда сѐ уште стоеше синото писмо напишано од Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Томо сѐ уште стоеше на истото место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми зборува така Јон, а уште стои на мотиката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па слушам тропање на врата. Овој уште стои обесен на пенџерето, а некој тропа на вратата. Значи - не е сам, значи не идат од мака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми вели и уште стои така потпрен на мотиката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Каде и да тргнам, ме пресретнуваат брановите... на местото каде е твојата душа, таму сѐ уште стои печат на еден бакнеж кој одамна го остави....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Беше на оддалеченост од светлосни години, но О'Брајан сѐ уште стоеше покрај него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не ме слушаше. Сѐ уште стоеше отпростум на средината од собата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со благо склопени дланки, кренати во височина на градите, бев свртен кон прозорецот на кој се насетуваа првите знаци на зазорувањето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не ја слушав. Сѐ уште стоев отпростум на средината од собата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема со врвот од јазикот го проба пудингот од малата стаклена порција и кога минуваше низ ходникот од кујната во спалната соба јас сѐ уште стоев отпростум во кадата, крај сината мушама, со дебела фротирка преку вратот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Под главата, на десната страна, уште стоеше закачена една сребрена обетка, а краиштата на нејзината алка беа отворени, ѓоа жената тукушто ја отпетлала за да ја симне.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој го забележа тоа и пак рече: - Стани и погледни дали тој сѐ уште стои...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Стани, те молам, - рече молбено - и погледни дали сѐ уште стои бандерата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таму е! Каде што ја видов последниот пат. На истото место уште стои.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сѐ уште стои пред онаа продавница за леб на булеварот царица Екатерина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Нека оди тој прв! - го препознав шепотот на тетка Олга, - и само да не си седнал кога мочаш, ќе те убијам! - тука шепотот на тетка ми одеднаш зазвуче како саскање на змија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сѐ уште стоев закопан во место затоа што навистина ми беше жал да газам по килимот, а ми беше и незгодно да ги соблечам чевлите, затоа што чорапите сигурно ми се засмрделе во текот на долгиот пат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мозокот како и секогаш бараше добра преокупација, а притоа во мене сѐ уште стоеше долгогодишната навика секој ден да одам на работа и тоа токму таква која целосно го исцрпува телото и умот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)